08 јули 2026
• од Темелко Тошев
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се заинтересирани за реформи, ниту за подобрување на Изборниот законик, ниту пак за консензус. Нивната цел е само една – изборен грабеж и манипулација со 200.000 гласови од дијаспората, обвинуваат од опозициската СДСМ.
Од партијата посочуваат дека ВМРО-ДПМНЕ, која претходно тврдела дека веќе има обезбедено договор со Левица и ДУИ, сега сака вината и проблемот да ги префрли врз СДСМ.
„Зар не седнаа со Левица и ДУИ, зар не постигнаа договор? Постојано слушаме само лаги и спинови. Тој ја укина техничката влада на сила и без консензус. Откако моделот за електронско гласање на дијаспората не помина, се обиде да протурка нов модел за гласање по пошта, повторно без никаква контрола и без гаранција за вистинската волја на граѓаните“, се вели во партиското соопштение на СДСМ.
Според нив, проблемот лежи единствено кај власта и кај премиерот Мицкоски кој, како што велат, сака да манипулира со 200 илјади гласови.
„Мицкоски ја користи реформската агенда само како изговор и алиби за неговата немоќ да ги реализира обврските од евроинтегративниот процес. СДСМ има принципиелен став – нема да дозволиме изборен грабеж и ќе го заштитиме гласот на секој еден граѓанин од злоупотреба и манипулација“, децидни се од СДСМ.
Невообичаен инцидент во Штип: Багер урна дел од куќа додека семејството спиело
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

