08 јули 2026
• од Темелко Тошев
Генералниот секретар на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбер Адеми, изјави дека е инициран процес за укинување на етничките квоти во Академијата за судии и јавни обвинители. Според него, правичната и соодветна застапеност ѝ пречи на актуелната Влада.
Адеми упати остри критики кон највисокиот суд во државата, обвинувајќи го за носење одлуки кои се на штета на стабилноста.
„Уставниот суд одлучи да ја дестабилизира државата со противуставни одлуки“, нагласи Адеми.
Тој посочи дека процесот е веќе во тек и ја обвини власта за користење на институциите за свои политички цели.
„Во Уставниот суд во тек е предметот за отстранување на етничките квоти од Академијата за судии и јавни обвинители. Значи, правичната и соодветна застапеност во Академијата ѝ пречи на оваа власт, па нашле параполитичка институција која не прашува за Устав и не прашува за закон за тоа какви одлуки треба да се донесат“, изјави Адеми.
Невообичаен инцидент во Штип: Багер урна дел од куќа додека семејството спиело
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

