08 јули 2026
• од Темелко Тошев
Српското влијание во Македонија е присутно како никогаш досега, а извршната власт применува двојни аршини кога станува збор за внатрешните случувања и странското мешање. Ова е главната порака што ја упати Арбен Таравари при неговото најново гостување во емисијата „Почетна пресметка“.
Таравари упати директна и остра критика до премиерот, посочувајќи на селективното следење на настаните во државата. Според него, недозволиво е премиер на независна држава да не е запознаен со активностите на странски политичари на домашна територија.
Во своето излагање, Таравари направи паралела помеѓу реакцијата на власта за случувањата во Струга и целосниот молк за активностите во Битола.
„Ако го прашате премиерот, вика не сум го слушнал, не сум го видел. Како премиер сте на држава, сè друго знаеш – дека во Струга имало повеќе албански знамиња, а не си видел дека српски министер дошол во Битола и прави некој бој на Србија во Македонија. Нè прикажуваат комплетно како Јужна бановина“, истакна Таравари во емисијата.
Тој додаде дека е апсурдно министри од владата на Александар Вучиќ да доаѓаат и да водат своевидна кампања во Битола, а тоа да помине незабележано и без соодветна реакција од македонските државни институции.
Посочувајќи дека ваквото однесување „не се вклопува во мозаикот“ на една сериозна и суверена држава, Таравари апелираше до надлежните конечно да се разбудат и да почнат да работат за интересите на сопствениот народ.
„Имаат држава, така нека се развие во таа држава во којашто живееме сите“, заклучи Таравари, порачувајќи дека фокусот мора да биде ставен на градењето на Македонија како заеднички дом, наместо да се дозволува таа да биде третирана како туѓа провинција.
Невообичаен инцидент во Штип: Багер урна дел од куќа додека семејството спиело
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

