08 јули 2026
• од Темелко Тошев
Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, изјави дека ниту една земја кандидат за членство во Европската Унија (ЕУ) досега не добила, ниту пак може да добие, гаранции дека нема да се појави нов билатерален спор за време на преговарачкиот процес.
Во пресрет на нејзината утрешна официјална посета на Северна Македонија, таа јасно стави до знаење дека спроведувањето на преземените обврски и вметнувањето на Бугарите во Уставот остануваат единствениот пат за продолжување на евроинтеграциите.
„Според моето искуство, таквата доверба се гради главно на два елемента: исполнување на обврските и односот на земјите кандидати кон ЕУ и нејзините земји членки. Ова започнува со добрососедските односи. Кога меѓусебната доверба расте, процесот на пристапување станува посигурен. Убедена сум дека тоа би било случај и со Северна Македонија. Вистината е дека ниту една земја кандидат никогаш не добила гаранција дека нема да се појави нов спор за време на процесот на пристапување сè додека и последната земја членка не го ратификува пристапниот договор. Така функционира проширувањето на ЕУ. Важно е да се прифати оваа реалност“, истакна Кос во интервју за МИА.
Марта Кос денеска исто така најави дека Европската комисија оваа есен ќе понуди нови начини за земјите кандидати да се доближат до ЕУ уште пред самото зачленување.
Невообичаен инцидент во Штип: Багер урна дел од куќа додека семејството спиело
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

