08 јули 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, во своето најново гостување во поткастот „Бугари во Устав“, изнесе малку познати историски тврдења за составот на делегатите и политичката заднина на Првото заседание на АСНОМ. Според него, постоел премолчен договор меѓу комунистите и ванчовистите, што резултирало со учество на истакнати припадници на струјата на Ванчо Михајлов на ова историско собрание.
Георгиевски истакнува дека на АСНОМ де факто учествувале четворица делегати кои биле декларирани ванчовисти. Според неговите истражувања, станува збор за Трајко Чундев, Јордан Чкартов, Стерио Боздов и д-р Тодор Гичев (за кого посочува дека е од Штип или Велес).
Особено внимание тој посветува на ликот и делото на Трајко Чундев. Георгиевски нагласува дека Чундев бил претседател и главен на акционите одбори кои ги пречекувале Бугарите во 1941 година.
„Просто тоа не можев, не знаев како да си го протолкувам... немав сознание, меѓутоа после кога проверив испадна дека е така“, вели Георгиевски, додавајќи дека парадоксот е дотолку поголем што Чундев на АСНОМ станал дури и член на јазичната комисија.
Осврнувајќи се на биографиите на овие личности, Георгиевски додава:
„Стерио Боздов, и покрај тоа што е Влав, тој е ванчовист, како што има и многу други Власи кои се ванчовисти... меѓутоа другите се тројца чисти македонски Бугари на кои им била укажана покана да учествуваат на АСНОМ.“
На крајот од своето излагање во поткастот, Георгиевски се осврна и на трагичната разврска за овие историски фигури по завршувањето на војната и консолидирањето на новата власт.
Тој посочи дека, и покрај нивното учество како делегати на АСНОМ, Јордан Чкартов и Трајко Чундев подоцна биле изведени пред суд. Нивните животи завршиле трагично, односно, како што тврди Георгиевски, практично биле убиени во затворските ќелии.
Невообичаен инцидент во Штип: Багер урна дел од куќа додека семејството спиело
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

