08 јули 2026
• од Темелко Тошев
Алијанса за Албанците секогаш го поддржувала правото на глас на дијаспората, но категорично не се согласува со начинот на кој власта го претставува ова прашање пред јавноста, порача пратеникот на Алијанса за Албанците, Халил Снопче.
Тој во своето обраќање истакна дека партијата поддржува различни форми на гласање, но е против секаков вид манипулација со иселениците.
„Ние не сме против гласањето на дијаспората, поддржуваме и електронско гласање и гласање по пошта. Но, ние сме против секаква форма на манипулација со дијаспората“, нагласи Снопче.
Според него, постои огромна разлика помеѓу голото право на глас и правото на „еднаков глас“. Снопче порача дека доколку дијаспората се смета за дел од оваа држава, тогаш мора да ѝ се овозможат целосни права.
„Не ја користете само како политички слоган. Не ја користете само кога ви се потребни гласови. Не ги третирајте како граѓани од втор ред. Денес власта зборува за гласот на дијаспората, но молчи за најважното прашање: Дали гласот на дијаспората ќе има иста тежина како гласот на граѓанинот кој живее во Северна Македонија?“, прашува тој.
За Снопче, токму во ова прашање лежи клучната разлика во пристапот. Тој потенцираше дека не се бара симболично, туку реално право за граѓаните надвор од државата.
„Ако дијаспората гласа на парламентарните избори, нејзиниот глас мора целосно да влијае врз составот на Собранието, а не да се користи како пропагандистички инструмент кој создава илузија за учество, без притоа да гарантира еднаквост на гласот“, заклучи Снопче во својата изјава.
Невообичаен инцидент во Штип: Багер урна дел од куќа додека семејството спиело
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

