19 август 2026
• од Темелко Тошев
Русија активно го користи концептот на „српскиот свет“ како свое прокси за да изврши длабоко влијание врз Северна Македонија и да ја дестабилизира нејзината евроатлантска ориентација. Ова го истакна Петрит Сарачини, анализирајќи ги актуелните геополитички текови и предизвици со кои се соочува регионот.
Според него, наоѓањето решенија за овие проблеми е исклучително тешко и речиси недостижно во моментов, пред сè поради неколку сериозни отежнителни околности на меѓународната политичка сцена.
Сарачини предупредува дека руското влијание не се одвива само директно, туку е суптилно канализирано преку српските структури. Оваа офанзива, според неговите зборови, е стратешки таргетирана и ги опфаќа најважните столбови на општеството:
Осврнувајќи се на можните решенија и излезот од оваа ситуација, Сарачини лоцира голем дел од проблемот во самата Европска Унија.
„Прво е политиката на самата Европска Унија, внатрешните дивергенции и поделби околу стратешкиот пристап за проширување“, посочува тој, објаснувајќи дека нерешителноста на Брисел остава празен простор кој лесно го пополнуваат други геополитички играчи.
Анализирајќи го односот на меѓународната заедница кон Белград, Сарачини истакнува дека европската политика кон Србија сè уште е амбивалентна и полна со компромиси.
Тој оценува дека одредени структури во ЕУ свесно го поддржуваат српскиот претседател Александар Вучиќ. Причината за ова, според Сарачини, е стравот од алтернативата:
Оваа политика на компромиси кон Белград, заклучува тој, директно се рефлектира и врз стабилноста и евроатлантската иднина на Северна Македонија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

