17 август 2026
• од Темелко Тошев
Лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, најави дека ќе покрене тужба против лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, доколку тој продолжи со тврдењата дека постоел документ за поделба на Македонија. Реакцијата на Тачи доаѓа по оддавањето почит по повод годишнината од смртта на поранешниот лидер на партијата, Арбен Џафери.
Тачи категорично негира дека таков документ некогаш постоел и нагласува дека ниту Арбен Џафери некогаш имал таков план. Според неговите зборови, идејата за поделба не била ниту идеја на Академијата на науките, туку била измислена и пласирана од „псевдоакадемици инструирани од УДБА на Србија“.
„На Али Ахмети тогаш УДБА му кажа: ова е патот по кој можеш да го урнеш политичкото организирање на Албанците. И тој зборува неврзано, дека наводно постоел документ,“ истакна Тачи, отфрлајќи ги обвинувањата како целосно неосновани.
Лидерот на ДПА упати јавно истро предупредување до својот политички опонент, наведувајќи дека ќе преземе правни чекори доколку ваквата реторика продолжи.
„Го предупредувам уште еднаш: ако продолжи да зборува вака, ќе поднесам тужба, во име на Арбен Џафери, бидејќи вакво обвинување е недозволиво,“ заклучи Тачи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

