19 август 2026
• од Темелко Тошев
Политичкото оддалечување од Европската Унија е само врвот на ледениот брег од проблемите со кои се соочува државата. Она што дополнително загрижува е фактот што општеството почнува да се движи во сосема друг правец, менувајќи го својот колективен начин на размислување, предупредува Џабир Доко во својот најнов осврт за актуелната состојба во земјата.
Анализирајќи ги предизвиците, Доко посочува дека евентуалната смена на политичката гарнитура нема експресно да ги реши длабоките општествени проблеми, бидејќи „мајндсетот“ на граѓаните се менува многу побавно од политичките циклуси.
Доко предупредува дека овој нов општествен правец може долгорочно да предизвика дополнителни поделби.
„И тоа ни укажува дека можеби проблемот не е само во тоа што политички се оддалечуваме од Европската унија, туку општествено веќе како да се движиме кон еден друг правец. Ова е загрижувачки, бидејќи општеството може да влезе во конфликт меѓу себе околу тоа дали навистина сака да биде дел од ЕУ,“ истакнува Доко.
Тој потсетува на вредностите со кои растеле поновите генерации, за кои членството во ЕУ отсекогаш претставувало синоним за напредок.
„Припаѓам во генерација што од рано детство расте со теоријата дека Европската Унија е нашата цел – политичка и општествена. Тој процес на крајот треба да резултира со економска придобивка и со подобар квалитет на живот,“ додава тој.
И покрај изразената загриженост за општествените тенденции, Доко сепак се обидува да задржи позитивен став кон иднината на државата, иако е свесен за тежината на реалноста.
Тој ја лоцира кризата на три клучни столба кои бараат итно внимание и решавање.
„За крај, јас би сакал да бидам умерен оптимист. Свесен сум дека се наоѓаме во една тешка општествена ситуација. Државата не само во надворешната политика има сериозни проблеми, туку и со економијата и со меѓуетничките односи,“ заклучува Доко, апелирајќи на сериозен пристап кон овие горливи прашања кои ја детерминираат иднината на земјата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

