17 август 2026
• од Темелко Тошев
Силната пропаганда што се шири во земјава има за цел директно да го наруши евроинтеграцискиот и евроатлантскиот процес на Северна Македонија, предупредува граѓанскиот активист и новинар Петрит Сарачини. Според него, ова влијание е последица на историската поврзаност, но пред сѐ на стратешката соработка во која Србија дејствува како продолжена рака на руските интереси на Балканот.
Двојната улога на српската пропаганда
Сарачини посочува дека пропагандното влијание не е едноставно и има свој историски контекст, но во моментов Белград игра две паралелни улоги кон земјава.
„Едната е за своите потреби и историски аспирации кон ‘стара Србија’. Втората е како прокси на Русија, којашто го користи ‘српскиот свет’ – медиумски, политички, академски и црковен – за да влијае на Македонија и да ја оттргне од евроатлантскиот пат“, анализира Сарачини.
Медиумите како главно оружје за хибридно влијание
Клучната алатка за одржување на оваа доминација, според Сарачини, се медиумите. Тој објаснува дека поради јазичната блискост, голем број македонски граѓани секојдневно и активно следат српски канали, кои имаат несразмерно големо присуство во домашниот етер.
„Српските медиуми, за разлика од другите регионални медиуми, ги имате многу повеќе на сите кабелски телевизии. Значи на сите кабелски оператори, на Телеком, и по другите градови кај локалните оператори, го има тоа влијание“, потенцира тој.
Оваа континуирана медиумска изложеност, комбинирана со црковните и академските врски, создава плодна почва за антизападен наратив кој континуирано ги поткопува напорите на државата за целосна интеграција во Европската Унија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

