18 август 2026
• од Темелко Тошев
Цели пет месеци, вработените во Министерството за култура се соочувале со сериозен проблем – останале без активно здравствено осигурување. Поради оваа блокада, дел од вработените биле принудени неопходните здравствени услуги да ги плаќаат приватно, односно од сопствениот џеб, пренесува „Фокус“, а објави „Либертас“.
Овој проблем се провлекувал подолг период и бил присутен уште во времето кога со Министерството управуваше Зоран Љутков. По неодамнешната владина реконструкција, на неговото место дојде Седат Сулјемани од редовите на коалицијата ВРЕДИ, кој исто така го наследи овој предизвик.
Според информациите, коренот на проблемот лежи во правен спор и институционални промени. Имено, тој настанал откако вработен ја тужел некогашната Агенција за поддршка на туризмот. Откако кон крајот на јули минатата година Агенцијата беше укината, сите нејзини вработени и отворени постапки преминаа под капата на Министерството за култура, со што проблемот се префрлил и на нивна адреса.
Од Министерството за култура официјално го потврдија постоењето на овој проблем. Оттаму нагласуваат дека станува збор за наследена ситуација, но уверуваат дека сега целата административна процедура е целосно завршена и дека вработените конечно ќе го добијат своето здравствено осигурување.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

