03 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Европратениците од Комисијата за надворешни работи (AFET) упатија сериозно предупредување дека напредокот на Северна Македонија во клучните реформи поврзани со ЕУ не е на задоволително ниво. Како критични области каде што е потребен итен напредок се посочени владеењето на правото, судските реформи и борбата против корупцијата.
Во извештајот кој беше усвоен во средата, членовите на Европскиот парламент ја потврдија својата целосна поддршка за евроинтеграцискиот пат на земјата, но јасно ставија до знаење дека понатамошниот тек на пристапните преговори директно зависи од спроведувањето на трајни, длабоки и суштински реформи, пренесува 4news.mk. Во документот се изразува жалење за отсуството на видлив напредок од претходниот извештај и се нагласува потребата од нова, посилна политичка посветеност и меѓупартиски консензус.
Европратениците детектираа неколку критични точки на кои државата мора веднаш да се фокусира:
Томас Вајц (Зелени, Австрија), кој е официјален известувач на ЕП за земјата, ја истакна важноста на овој момент:
„Драго ми е што Комисијата AFET го усвои извештајот за Северна Македонија во овој клучен момент за проширувањето на ЕУ. Земјата неодамна презеде важни реформски чекори и од суштинско значење е владата да продолжи со овие напори и да остане цврсто на патот кон интеграцијата во ЕУ. Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија.“
Документот во Комисијата за надворешни работи беше изгласан со 43 гласа „за“, 17 „против“ и 13 „воздржани“. Следната и финална фаза за овој извештај е негово испраќање на гласање пред пленарната седница на Европскиот парламент, каде што треба да биде усвоен од целиот состав на европратениците.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

