04 мај 2026
• од Станча Јаќимовски
Министерството за правда соопшти дека во однос на случајот со поранешниот премиер Никола Груевски постапува исклучиво согласно законите и меѓународните договори, нагласувајќи дека се преземаат сите потребни чекори за комплетирање и соодветно процесирање на документацијата во рамки на законската процедура.
Од Министерството посочуваат дека собирањето информации од надлежните судови има цел да обезбеди целосна и точна правна основа за понатамошно постапување.
„Министерството нема надлежност да ги преиспитува правосилните судски одлуки, туку е должно да постапува по нив“, се наведува во ставот.
Оттаму додаваат дека сите постапки се водат низ институционален процес и во соработка со надлежните органи на Унгарија. Министерството нагласува дека постапувањето се одвива без влијание на политички изјави или квалификации.
Министерството за правда истакнува дека останува посветено на владеењето на правото и почитувањето на правниот поредок.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

