02 мај 2026
• од Никола Трајковски
Сексуалната злоупотреба на деца во Северна Македонија останува сериозен и често скриен проблем, предупреди Народниот правобранител на прес-конференција каде беа презентирани нови податоци и анализи.
Според анализата што опфаќа период од 2020 до 2025 година, регистрирани се вкупно 604 деца жртви. Од нив, дури 90 проценти се девојчиња, што укажува на особена ранливост на оваа група. Само во 2025 година се евидентирани 96 нови случаи.
Претставници на институцијата нагласија дека ваквото насилство најчесто се случува во тишина. Децата ретко пријавуваат поради страв, срам или недоверба, особено кога сторителот е лице од нивната блиска околина. Дополнителен проблем е што институциите често реагираат некоординирано и без пристап прилагоден на потребите на детето.
Анализата укажува на сериозни системски слабости и потреба од подобра заштита. Се препорачува воведување на специјализирани простории за сослушување на деца, задолжителна обука на професионалците и обезбедување долгорочна психосоцијална поддршка за жртвите.
Како клучна мерка се посочува и примената на таканаречениот „Барнахус“ модел, кој овозможува сите институции да работат на едно место, со цел да се намали дополнителната траума кај децата и да се обезбеди поефикасна правда.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

