03 мај 2026
• од Тодор Вангелов
СДСМ денеска, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, објави остро соопштение во кое тврди дека состојбата со медиумските слободи во земјава е сериозно нарушена.
Од партијата оценуваат дека наместо да се слави, овој ден во Македонија „се преживува“, укажувајќи на, како што наведуваат, значителна концентрација на медиумско влијание. Според СДСМ, повеќе од 40% од медиумскиот простор е под директна контрола на, како што ја нарекуваат, „Орбанова мрежа“, поврзана со премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението се изнесуваат и обвинувања за притисоци врз независните медиуми од страна на владата, како и за наводно користење на приватни разузнавачки структури, конкретно Black Cube, за следење и креирање на медиумски афери против политички противници.
СДСМ дополнително посочува на улогата на одредени медиумски личности, меѓу кои Ивона Талевска и Драган Павловиќ Латас, за кои тврди дека „секојдневно шират омраза и навреди кон опозицијата“.
„Ова не е слобода на медиуми, туку нивна контрола од страна на криминална организација“, се наведува во партиското соопштение.
Од СДСМ изразуваат поддршка за независните новинари и медиуми кои, како што велат, работат професионално и чесно. Воедно, нагласуваат дека нивната цел е создавање услови во кои нема да постојат медиуми под политичка или криминална контрола, ниту мешање на власта во уредувачката политика.
„Слободата на медиумите не е привилегија, туку темел на демократијата“, порачуваат од партијата, додавајќи дека „времето на вистината наскоро доаѓа“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

