02 мај 2026
• од Димитар Стојановски
ДУИ бара итни одговори од институциите за одлуката на директорот на МЕПСО, Бурим Латифи, да раскине договор со сараевската компанија „Енергоинвест“ и да склучи нов со фирма од Бања Лука.
Според партијата, спорно е што оваа одлука била донесена и покрај негативното мислење на Надзорниот одбор на МЕПСО. ДУИ тврди дека со тоа е игнориран највисокиот внатрешен контролен орган во компанијата и е овозможен влез на фирма поврзана со мрежи блиски до Милорад Додик во енергетскиот сектор на земјата.
Дополнително, како што наведуваат, меѓународниот арбитражен трибунал ги отфрлил контратужбите на МЕПСО во вредност од 19,3 милиони евра и му признал на „Енергоинвест“ обештетување од 6 милиони евра. Овие средства, според ДУИ, ќе се исплатат од државниот буџет.
Партијата бара Јавното обвинителство да отвори истрага за можно злоупотребување на службената положба, како и ревизија на сите договори склучени во мандатот на Латифи. Исто така, се бара и привремено стопирање на договорот со новата компанија додека не се расчистат сите околности.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

