03 мај 2026
• од Гоце Кически
Германската авиокомпанија Луфтханза привремено ќе ја прекине авиолинијата меѓу Франкфурт и Скопје во текот на јуни, како дел од пошироки промени во својата мрежа.
Последниот лет на оваа релација е закажан за 31 мај, по што во јуни нема да има летови. Компанијата најавува можност линијата повторно да се активира од 1 јули, но конечниот распоред сè уште не е потврден.
До 16 мај ќе се одржува по еден лет дневно, а потоа фреквенцијата ќе се зголеми на девет до десет летови неделно до крајот на месецот. Претходно, авиокомпанијата планираше да одржува десет летови неделно и во јуни.
Овие промени доаѓаат по турбулентен период за Луфтханза во април, кога се соочи со штрајкови, затворање на дел од своите операции и укинување на повеќе линии. Компанијата паралелно прави и поширока ревизија на летовите од Франкфурт.
Само оваа недела, авиопревозникот намали стотици летови низ Европа за наредните месеци. Дел од стратегијата е централизирање на операциите во рамки на групацијата, со цел поефикасно управување и стабилизирање на мрежата.
Луфтханза ја воведе линијата Франкфурт–Скопје во април 2023 година, но и во изминатата зима веќе ги намали летовите на оваа релација поради послаба побарувачка.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

