05 октомври 2026
• од Димитар Стојановски
Полицијата во неделата, 4 октомври, санкционирала 628 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Засилената акциска контрола била спроведена од 14 до 20 часот на територијата на целата држава.
Од вкупниот број прекршоци, 344 биле регистрирани надвор од населено место, а 284 во населено место.
За сите прекршоци биле изречени соодветни санкции согласно законските прописи. При контролите биле откриени и 66 други сообраќајни прекршоци.
Од МВР најавуваат дека засилените контроли ќе продолжат со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот и намалување на ризиците од пребрзо возење.
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
ЕУ со над 700.000 евра поддржа нова градинка во Пршовце, запишани 120 деца
Трговскиот дефицит на Северна Македонија порасна на 148,9 милијарди денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

