05 октомври 2026
• од Тодор Вангелов
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека Македонија треба да ја продлабочи соработката со Европското јавно обвинителство пред полноправното членство во Европската Унија.
Филипче рече дека пораките на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, според него, ја потврдуваат потребата од посилна соработка со европските институции за борба против криминалот и корупцијата.
Тој го повика премиерот Христијан Мицкоски да одговори дали на средбата со Фон дер Лајен разговарал за сомнежите што СДСМ ги изнесува за тендери, трговијата со електрична енергија, унгарскиот кредит и други случаи за кои опозицијата бара истрага.
„Ете за тоа е потребно европското обвинителство. Потребна е независна институција која постепено ќе ја враќа довербата во правосудството, ќе го зајакне системот и сите криминалци ќе ги изнесе пред лицето на правдата“, рече Филипче.
Тој дополнително обвини дека актуелната власт не сака посилно вклучување на европското обвинителство во земјата.
„Овие луѓе не сакаат во Европа, не сакаат Лаура Ковеши да дојде овде, затоа што се готови“, изјави Филипче.
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
ЕУ со над 700.000 евра поддржа нова градинка во Пршовце, запишани 120 деца
Трговскиот дефицит на Северна Македонија порасна на 148,9 милијарди денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

