05 октомври 2026
• од Стефан Николов
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ја обвини Владата дека со години ја користела темата за македонскиот идентитет и европските интеграции за политички цели и оцени дека по посетата на Урсула фон дер Лајен тие аргументи повеќе не можат да се користат на ист начин.
„Сите лаги на Христијан Мицкоски паднаа во вода“, рече Филипче, тврдејќи дека македонскиот идентитет и јазик се заштитени.
Во однос на најавената средба со Бугарија, Филипче рече дека средбите со соседните земји се редовна обврска на министерот за надворешни работи.
„Обврска е на министерот за надворешни работи да се среќава, пред сè, со земјите соседи, да ги подобрува меѓусоседските односи. Наше богатство е што имаме две земји соседни, кои се членки на Европска Унија“, рече Филипче.
Тој додаде дека досега требало да има многу повеќе средби и со Бугарија и со Грција.
„Па до сега требаше да има по десетина средби и со Грција, и со Бугарија“, изјави Филипче.
Според него, Владата во изминатиот период ги влошувала и заострувала односите со соседите, наместо почесто да разговара со нив.
За претстојната средба, Филипче рече дека не очекува конкретен резултат.
„Нека оди, тоа му е работа. Прашањето е зошто не беше до сега и што може да се очекува од таа средба? А јас повторно ви кажувам – ништо не очекувам“, рече Филипче.
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
ЕУ со над 700.000 евра поддржа нова градинка во Пршовце, запишани 120 деца
Трговскиот дефицит на Северна Македонија порасна на 148,9 милијарди денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

