05 октомври 2026
• од Стефан Николов
СДСМ ја обвини Владата предводена од Христијан Мицкоски дека во изминатите две и пол години го влошила животниот стандард, го зголемила задолжувањето и го блокирала европскиот пат на Македонија.
Од опозициската партија тврдат дека милиони евра од државниот буџет се трошат преку спорни тендери, додека граѓаните се соочуваат со високи цени и ниски приходи. Како проблеми ги посочуваат и состојбите во енергетиката, најавите за нови рудници и, според нив, слабите резултати кај странските инвестиции.
СДСМ наведува дека потрошувачката кошничка за семејство со изнајмен стан надминала 90.000 денари, додека горивата поскапеле над 100 денари за литар. Партијата ја критикува Владата и поради состојбата во земјоделството, пензискиот систем и зголеменото задолжување, за кое тврди дека за две и пол години пораснало за околу четири милијарди евра.
Во соопштението се наведува и дека европската интеграција е во застој. СДСМ тврди дека македонскиот идентитет, јазик и култура се зачувани, но ја обвинува Владата дека со недостиг од реформи ја оддалечува земјата од Европската Унија.
Според СДСМ, резултатот од досегашното владеење на Мицкоски е понизок животен стандард, поголеми долгови, економска неизвесност и продолжување на иселувањето на младите.
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
ЕУ со над 700.000 евра поддржа нова градинка во Пршовце, запишани 120 деца
Трговскиот дефицит на Северна Македонија порасна на 148,9 милијарди денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

