20 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Основното јавно обвинителство Куманово денеска поднесе обвинителен акт против 25-годишен жител на Старо Нагоричане, осомничен за серија монструозни злосторства. Според истрагата, тој е обвинет за четири убиства и два обиди за убиство, а мотивот за овие грозоморни дела била некрофилија.
По завршувањето на истрагата, Обвинителството го товари 25-годишникот за кривично дело Убиство според член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, како и за два обиди за убиство во истата квалификувана форма. Бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, според член 123 став 3, му се заканува затворска казна од најмалку 10 години или доживотен затвор.
Според вештачењата извршени во текот на истрагата, тој ги сторил делата од крајно ниски побуди – со цел задоволување на половите страсти врз мртвите тела на жените, што претставува чин на некрофилија.
Хронологија на злосторствата
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Скопје конечно добива три јавни тоалети: Локациите се познати, но не и датумот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

