19 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Откако Бугарската амбасада во Скопје упати директна молба да не се блокираат патиштата меѓу двете земји, бугарската фондација „Македонија“ се повлече од намерата за затворање на граничните премини оваа недела. Во истото соопштение, Амбасадата побара бугарските организации да не се етикетираат како „антимакедонски“.
Најавената блокада на трите гранични премини кон Северна Македонија од страна на фондацијата „Македонија“ нема да се одржи. По јавниот повик и молба од дипломатското претставништво на Бугарија во Скопје, од фондацијата информираа дека отстапуваат од првичниот план.
Како одговор на апелот од Амбасадата, од фондацијата „Македонија“ кратко соопштија дека планираната акција за претстојниот викенд се откажува, најавувајќи прес-конференција за нивните понатамошни чекори.
„Фондацијата ‘Македонија’ ја откажува планираната мирна граѓанска блокада на границата, која беше закажана за оваа недела. Повеќе информации за нашите идни мирни акции за поддршка на бугарската заедница и дипломатските претставништва во Р. Северна Македонија ќе претставиме утре во 10:30 часот на прес-конференција во БТА Софија“, се вели во соопштението на фондацијата.
Претходно, Бугарската амбасада преку официјална реакција директно се обрати до дел од македонските медиуми и јавни личности, посочувајќи дека реториката на етикетирање не води кон напредок.
„Им обрнуваме внимание на одредени медиуми и јавни личности во Северна Македонија дека е неодржливо и непродуктивно да се дефинираат бугарски организации како ‘антимакедонски’ поради различните проценки и ставови за состојбата на билатералните односи... Плурализмот е карактеристична црта на демократијата и неговата манифестација не е насочена ‘против’ никого“, наведоа од Амбасадата.
Осврнувајќи се на радикалните чекори, тие истакнаа дека го поддржуваат правото на мирен протест, но категорично побараа „да не се предизвикуваат блокади на граничните премини или патиштата меѓу Бугарија и Северна Македонија“.
Наместо затворање на границите, од Амбасадата повикаа на отвореност и градење мостови меѓу двете општества. Според нив, државниот интерес на Бугарија наложува отвореност кон југозападните соседи преку промоција на културата, продлабочување на економската соработка и поттикнување на контактите меѓу „долго разделените семејства“.
„Само на овој начин ќе ги потсетиме нашите соседи колку сме блиски и кои се придобивките не само од нашата заедничка историја, туку и од нашата заедничка иднина во Обединета Европа. Изразувањето на незадоволството и загриженоста на бугарското општество за она што се случува во Скопјe треба да има конструктивен и европски карактер“, заклучи Бугарската амбасада во Скопје во својата реакција.
Османи: Црн ден за Албанците, Тито се врати во Тетово со помош на Билал Касами
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

