18 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Продавачи, угостителски работници, општи работници, келнери, столари, програмери, хигиеничари, административни службеници... Ова се само дел од дејностите за кои во овој период има активни огласи за вработување на веб-страницата на Агенцијата за вработување.
Првиот впечаток е дека во овој период има огромна побарувачка за келнери, но и за други видови работници во угостителскиот сектор, како готвачи и собарки, со оглед на тоа што има бројни огласи од различни компании кои бараат кандидати за овие позиции.
Сепак, податоците на Агенцијата откриваат дека во изминатиот период најголема потреба на пазарот имало за продавачи. Во моментов, за позицијата продавач има 555 слободни работни места. Оваа дејност и во последната анализа на Агенцијата беше на врвот на листата со најмногу слободни работни места во Македонија, кога имаше дури 701 отворено место.
Податоците покажуваат дека меѓу најбараните професии во нашата земја е и хигиеничар (чистач на станбени и деловни простории), професија која долго време беше на самиот врв на листата. Сега се наоѓа на втората позиција со 544 слободни работни места, додека пред само кратко време за неа имаше 639 отворени позиции.
Во последното ажурирање на податоците, позицијата келнер бележи значителен скок. Ова најверојатно се должи на зголемената сезонска побарувачка, но и на одливот на голем број работници од земјата кои заминуваат да работат во некои од туристичките дестинации во регионот и пошироко. Според последните податоци, за професијата келнер има 531 отворена позиција, додека во претходното рангирање бројката изнесуваше 448 слободни работни места.
Каква е состојбата со останатите професии?
Кога станува збор за слободните работни места по дејности, на врвот изби секторот за објекти за сместување и сервирање храна со вкупно 1.648 отворени работни места. По него следува трговијата на големо и мало со 1.577 слободни позиции. На третото место е преработувачката индустрија, која традиционално е позната како најголем „апсорбер“ на работна сила, со 1.541 отворена позиција.
Скопје нуди најмногу можности за работа
Најлесно може да се најде работа во главниот град. Во Скопје моментно има најмногу слободни работни места, вкупно 5.668.
По Скопје, листата на градови со најмногу огласи изгледа вака:
Османи: Црн ден за Албанците, Тито се врати во Тетово со помош на Билал Касами
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

