18 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Бугарскиот претседател Румен Радев категорично ја одби јавната покана за средба упатена од премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски. Во својата најнова изјава, Радев посочи дека не гледа простор за дијалог во овој момент, нагласувајќи дека пречките на македонскиот евроинтегративен пат не произлегуваат од Софија, туку од односот на Скопје кон стандардите на Европската Унија.
„Немаме што да си кажеме јас и Мицкоски“, дециден е Радев, затворајќи ја вратата за евентуални директни преговори во скоро време.
Според него, фокусот на македонската влада е погрешно насочен и прашањето воопшто не треба да се третира како спор меѓу двете држави.
„Нема место за таква средба. Тие имаат проблем не со нас, туку со ЕУ. Проблемот не е билатерален, туку тој треба да ги убеди членките на ЕУ дека ги почитуваат човековите права и дека може да ја гарантира безбедноста на сите дипломатски претставништва на територијата на Македонија“, изјави Радев пред новинарите.
Осврнувајќи се на инцидентите од минатото, Радев упати остри обвинувања кон македонските власти за неказнивост, тврдејќи дека ваквите дејствија свесно се користат за политички поени.
„Тие не само што не ги штитат претставништвата, како што бевме сведоци со палењата, туку и ги стимулираат таквите дејствија и ги користат во своите изборни кампањи“, заклучи бугарскиот лидер.
Оваа изјава доаѓа како директен одговор на иницијативата на премиерот Мицкоски за седнување на заедничка маса со цел надминување на отворените прашања меѓу двете земји. Со ваквиот став на Софија, станува јасно дека бугарската страна инсистира прашањето да остане исклучиво во рамките на преговарачката рамка со Европската Унија.
Османи: Црн ден за Албанците, Тито се врати во Тетово со помош на Билал Касами
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

