20 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Амбасадата на Кралството Холандија во Северна Македонија денеска го истакна знамето на виножитото, испраќајки силна порака за еднаквост, единство и поддршка за човековите права на глобално ниво.
Преку својата официјална Фејсбук страница, од Амбасадата споделија фотографија од подигнувањето на знамето, нагласувајќи дека овој чин е во насока на поддршка на напорите за декриминализација на хомосексуалноста и промовирање на социјалното прифаќање низ целиот свет.
Во нивната објава се вели:
„Денеска со #Гордост го подигнуваме знамето на виножитото како поддршка на напорите за декриминализација на хомосексуалноста, различните родови идентитети и изразување, како и за спротивставување на насилството и дискриминацијата и промовирање на социјалното прифаќање ширум светот.“
Објавата на Амбасадата беше придружена со хаштазите #lgbtiq+, #equalrights (еднакви права) и #unity (единство).
Со овој потег, Холандија уште еднаш ја потврдува својата континуирана заложба како еден од најголемите поддржувачи на заштитата на маргинализираните групи и борбата против секаков вид дискриминација, како во Северна Македонија, така и во светот.
Скопје конечно добива три јавни тоалети: Локациите се познати, но не и датумот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

