19 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Бугарската европратеничка Рада Лајкова во своето обраќање пред европските институции изнесе тврдења за наводен инцидент пред бугарската амбасада во Скопје и упати барање до Европската Унија за заштита на правата на Бугарите во Северна Македонија. Во говорот таа се осврна и на прашања поврзани со македонскиот јазик и историја.
Според изјавата на Лајкова, пред бугарската амбасада во Скопје биле запалени дипломатски возила. Таа наведе дека за време на инцидентот биле присутни полициски службеници кои не интервенирале, што, според неа, му овозможило на сторителот непречено да го изврши делото.
Во овој контекст, таа се повика на статусот на Бугарија во Европската Унија, изјавувајќи дека земјата е дел од „клубот на богатите, убавите и успешните“ и порача дека очекува бугарските интереси да се почитуваат и да не се дозволи подигрување со нив.
Во своето излагање, Лајкова побара од Брисел да ги заштити правата на Бугарите во Северна Македонија и ги изнесе следните ставови пред европратениците, со цел да ја објасни „проблематиката на Балканот“:
Европратеничката го заклучи своето обраќање со критика кон институциите на Европската Унија. Таа посочи дека паралелно со слушањето на зборови за европските вредности и иднината на Западен Балкан, десетици илјади Бугари во Северна Македонија се соочуваат со системско потиснување на нивните права. Лајкова обвини дека во однос на ова прашање, официјалнот став на Европската Унија е да „гледа настрана“.
Османи: Црн ден за Албанците, Тито се врати во Тетово со помош на Билал Касами
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

