16 септември 2026
• од Темелко Тошев
Денешната пресуда против поранешните лидери на УЧК – Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими – е неправедна и длабоко разочарувачка, оцени Али Ахмети. Во овие тешки моменти, тој упати повик за зрелост и единство, нагласувајќи дека не смее да се дозволи создавање поделби и тензии, ниту пак да се оцрни борбата за ослободување на народот во Косово.
УЧК се бореше за слобода, паднаа обвинувањата за трговија со органи
Во својата реакција, Ахмети потсети дека УЧК настанала како директен одговор на долгогодишното угнетување и се борела исклучиво за слободата на Косово. Тој посебно истакна дека тешките тврдења за трговија со органи, кои со години беа користени за да се оптоварат УЧК и нејзините раководители, воопшто не ни станале дел од обвиненијата во овој судски процес.
Дополнително, Ахмети го истакна фактот што Судот ги ослободил обвинетите од точките за злосторства против човештвото. Тој посочи дека и во самиот процес било потврдено оти крајната цел на УЧК била независноста на Косово – цел која подоцна беше успешно реализирана. Овие факти, според него, треба секогаш да се имаат предвид кога некој се обидува да ја прикаже УЧК како криминална организација.
Очекувања за Апелација: „Историјата не може да се преработи“
Иако првостепеното обвинение ги товари поранешните косовски лидери за наводни злосторства извршени во периодот од 1998 до 1999 година, Ахмети е уверен дека и овие точки ќе бидат отфрлени во натамошниот тек на судењето.
„Процесот не завршува тука“, дециден е Ахмети, додавајќи дека очекува одбраната силно да ги оспори наодите пред Апелацискиот суд и да ја бара правдата до крај.
„Борбата на УЧК беше борба за слобода. Историјата на Косово не може да се преработи, а жртвата на еден цел народ не може да биде ставена на обвинителна клупа.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

