16 септември 2026
• од Темелко Тошев
Политичката партија Левица упати остри критики до Министерството за образование и наука (МОН) поради, како што велат, континуираната нетранспарентност при објавувањето на резултатите за сместување на студентите во државните студентски домови.
Според реакцијата на партијата, МОН повторно ги крие бодовите на студентите кои аплицирале за легло, објавувајќи само списоци со имиња, без да се наведе колку бодови освоил секој кандидат врз основа на успехот, социјалниот статус и оддалеченоста на местото на живеење.
Од Левица предупредуваат дека ваквата практика не е случајна и директно овозможува манипулации при распределбата на местата.
„Криењето на бодовите создава плодна почва за неправедно распределување на леглата и партиски или лични ургенции, на штета на оние студенти кои реално имаат најголема потреба и ги исполнуваат условите,“ посочуваат од партијата.
Дополнително, од Левица потсетуваат дека на овој проблем веќе има реагирано и Државниот завод за ревизија. Во своите извештаи, ревизијата претходно децидно предупреди дека необјавувањето на деталната бодовна листа за секој студент остава широк простор за субјективно одлучување и фаворизирање на одредени кандидати.
Партијата бара од надлежните во Министерството за образование веднаш да ја корегираат оваа практика, да ги објават целосните ранг-листи со транспарентен приказ на бодовите по сите основи и да стават крај на сомнителните распределби во студентските домови.
Транспарентноста, додаваат тие, е единствениот начин да се гарантира дека студентскиот стандард нема да биде предмет на злоупотреби.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

