16 септември 2026
• од Темелко Тошев
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) остро реагира на одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) да отвори предмет само за можен судир на интереси кај едно лице, оценувајќи дека тоа не претставува вистинска истрага за проневерата на 5,5 милиони евра поврзана со организацијата на прославата за независноста.
Од СДСМ посочуваат дека евентуалниот судир на интереси кај членот на Комисијата – кој ја одобрил програмата, а потоа настапил во неа – е само еден мал сегмент од целиот случај. Партијата бара Јавното обвинителство веднаш да отвори постапка, да ја обезбеди целокупната документација и да го следи текот на парите.
Опозицијата го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека ја излажал јавноста тврдејќи дека прославата чинела „нула денари“, додека во реалноста биле потрошени милионски суми проследени со криење на договори, анекси и фактури. Преку соопштение, СДСМ ги постави следните клучни прашања до надлежните:
„Ова се премногу отворени прашања, премногу матни зделки. Ако сè беше чисто и законски, документите немаше да се кријат. Не можете да ги трошите парите на граѓаните, да ги лажете и потоа да ги криете одговорите“, порачуваат од партијата.
Во меѓувреме, ДКСК по допрен глас отвори предмет кој се однесува исклучиво на композиторот и продуцент Николче Мицевски. Тој бил претседател на надворешната комисија која ја избрала понудата на „Стардаст“, а потоа се појавил како изведувач во рамките на настапот на Хозе Карерас.
Претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ, за медиумите потврди дека Антикорупциска како превентивно тело ги следи и останатите аспекти на прославата, но потенцираше дека конкретен предмет за нив сè уште не е отворен.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

