12 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Православната црква и нејзините верници денеска го одбележуваат споменот на Преподобен Исакиј Исповедник, светител познат по својата непоколеблива вера и храброста да му се спротивстави на моќниот цар во одбрана на Православието.
Житието на овој светител нè враќа во бурните времиња на царот Валент, кога Црквата се соочувала со големо гонење на правоверните христијани од страна на аријанците. Самиот цар Валент бил поддржувач на оваа ерес, што дополнително ги отежнувало страдањата на православните верници.
Слушајќи за прогоните и неправдите, Исакиј, кој дотогаш живеел како тивок пустиник некаде на Исток, решил да ја напушти својата пустина и да дојде во Цариград. Неговата цел била јасна – да ги охрабри правоверните и отворено да ги изобличи еретиците.
Неговото пристигнување во престолнината се совпаднало со воениот поход на царот Валент, кој тргнал на север со својата војска за да се спротивстави на Готите кои се спуштале кон Тракија. Токму тогаш, старецот Исакиј покажал невидена храброст.
Исакиј излегол пред царот и отворено му порачал: „Цару, отвори им ги црквите на правоверните и Бог ќе го благослови твојот пат!“ Царот, ослепен од својата моќ, целосно го игнорирал старецот.
Но, Исакиј не се откажал:
Зборовите на пустиникот набрзо станале реалност. Во судирот со Готите, варварите ја покосиле грчката војска како трева. Во обид да си го спаси животот, царот Валент заедно со својот советник аријанец побегнал и се скрил во една колиба. Но, непријателите стигнале до местото, ја опколиле колибата и ја запалиле, при што царот и советникот живи изгореле.
По оваа трагедија, на престолот дошол царот Теодосиј Велики. Откако слушнал за Исакиј и за неговото исполнето пророштво, тој го вратил мирот во Црквата, а аријанците биле протерани.
Иако преподобниот Исакиј сакал да се врати во тишината на својата пустина, царот Теодосиј го замолил да остане во Цариград како духовен столб на народот. Богоугодниот старец Исакиј останал во престолнината сè до своето преселување во вечноста во 383 година, оставајќи зад себе вечен пример за бескомпромисна вера и храброст.
Нови мерки против пожарите: Од 1 јули се забранува движење во шума без дозвола
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

