12 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Папата Лав XIV упати остро предупредување до трговците со луѓе кои ги искористуваат очајните мигранти на нивниот пат кон Европа.
Папата Лав XIV упати сериозно предупредување до криумчарите со луѓе кои ги експлоатираат мигрантите што се обидуваат да стигнат до Европа преку шпанските Канарски Острови. Тој им порача да се „покаат“ пред Бога или ќе горат во пеколот, пренесува агенцијата Ројтерс.
На последниот ден од својата еднонеделна турнеја низ Шпанија, поглаварот на Римокатоличката црква ги повика светските лидери да покажат поголема хуманост кон мигрантите, додека кон криумчарите упати директна порака:
„Запрете. Покајте се. За секој изгубен живот, за секое измамено семејство, ќе мора да се соочите со божествената правда. Покајте се додека сè уште има време.“
Оваа изјава се темели на католичкото верување дека секој што правел зло за време на својот живот мора да ги исповеда гревовите и да се поправи, бидејќи во спротивно ќе биде испратен во пеколот.
Силната порака на Папата доаѓа во клучен момент – токму на денот кога Пактот за миграција на ЕУ, кој значително ги заострува правилата за добивање азил, стапува на сила.
Во меѓувреме, проблемот со криумчарењето луѓе станува сè покомплексен. Според податоците од извештајот на Европол за 2025 година, криминалните групи континуирано ги приспособуваат своите тактики:
Нови мерки против пожарите: Од 1 јули се забранува движење во шума без дозвола
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

