12 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот премиер и прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, во најнова изјава се наврати на клучните и драматични моменти од периодот на распадот на Југославија, откривајќи детали за мобилизацијата на македонските резервисти од страна на тогашната Југословенска армија (ЈНА) и поделеноста во македонскиот државен врв.
Според Георгиевски, во моментите кога ЈНА започнала со масовно собирање на македонските граѓани за да ги испрати на југословенските фронтови, неговата партија била единствената која пружила активен отпор.
Георгиевски посочува дека ВМРО-ДПМНЕ не само што вербално се спротивставила на одведувањето на македонските граѓани на туѓи боишта, туку презела и конкретни чекори на терен.
„Кога Југословенската армија почна да ги собира резервистите и да ги носи на југословенските фронтови, единствена сила, единствена структура која рече дека не сакаме да го правиме тоа беше ВМРО-ДПМНЕ. И не само што рековме, туку ние направивме и блокада. Во шест-седум града беа собрани македонските резервисти, а ние отидовме таму и ги блокиравме касарните за да не можат да бидат однесени,“ изјави Георгиевски.
Паралелно со тензиите на терен, Георгиевски сведочи за клучна седница на Советот за безбедност на Република Македонија, на која тој присуствувал по функција. На средбата, на која бил присутен и тогашниот претседател Киро Глигоров заедно со дел од воениот врв, се отворило прашањето како државата да се постави кон регрутацијата на резервистите.
Според сведоштвото на Георгиевски, претседателот Глигоров имал помирлив став, водејќи се од стравот од директен судир со моќната југословенска војска.
Георгиевски додава дека и тој самиот жестоко се спротивставил на идејата македонските граѓани да бидат предадени на ЈНА.
„И јас се побунив. Викам: ‘Чекај, кај ќе ги даваме резервистите?’“
На крајот од своето излагање, тој изразува сомнеж за зачувувањето на историските докази за овие настани, предупредувајќи дека постои опасност официјалните записници од тие клучни државни состаноци да бидат (или веќе да се) намерно уништени, со цел да се прикрие вистинската слика за тоа кој какви одлуки носел во тие историски моменти.
Нови мерки против пожарите: Од 1 јули се забранува движење во шума без дозвола
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

