16 мај 2026
• од Темелко Тошев
Православната црква и нејзините верници денеска го чествуваат споменот на Светите маченици Тимотеј и Мавра. Нивната потресна, но истовремено величествена судбина е сведоштво за безграничната верба во Бога и за нераскинливата љубов помеѓу сопружниците која ги надминува и најстрашните земни маки.
Судбината на овие прекрасни маченици, женик и невеста, е навистина чудна и потресна. Својот заеднички живот го започнале со благослов, но само дваесет дена по венчавката биле изведени на суд заради нивната цврста вера во Исус Христос.
Тоа се случувало во времето на свирепиот цар Диоклецијан, пред Тиваидскиот намесник Аријан. Тимотеј, кој бил чтец во црквата во неговиот роден крај, без страв застанал пред судијата.
„Кој си ти?“, го прашал намесникот. Тимотеј одговорил: „Јас сум христијанин и чтец на Црквата Божја.“ Оној, пак, му рекол: „Не ги гледаш ли до тебе приготвените справи за мачење?“ Тимотеј одговорил: „И ти не ги гледаш Божјите Ангели што ме крепат“.
Разгневен од неговата храброст, намесникот наредил ушите на Тимотеј да ги прободат со вжештена железна прачка, од што поради неискажлива болка му излегле очните зеници. Потоа го обесиле со главата надолу и му ставиле дрво во устата за да го замолчат.
Неговата млада сопруга Мавра најпрво се исплашила од страшните маки кои ги гледала. Но, пожртвуваниот сопруг успеал да ја охрабри. Силните зборови на Тимотеј ја разбудиле нејзината духовна снага и таа гордо ја исповедала својата вера пред намесникот.
Казната за неа била подеднакво сурова:
По многубројни долги маки, на кои брзо би подлегнало секое човечко тело, тие останале живи само благодарение на Божјата благодат која ги крепела.
Гледајќи дека не може да го скрши нивниот дух, намесникот наредил обајцата да бидат распнати на крст, свртени еден кон друг.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

