12 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврди бројни пропусти и неправилности во системот за исплата и контрола на социјалната заштита. Ревизијата го опфати периодот од 2022 година до јуни 2025 година, при што е констатирано дека процедурите не се усогласени со законската регулатива и дека постојат сериозни недостатоци во контролите, документацијата и размената на податоци меѓу институциите.
„Поради слабости во системските контроли и во службената размена на податоци за 2024 година, ревизорите утврдија 235 корисници кои истовремено примале и социјална помош и пензија. Со ова, без никаков основ се исплатени 14,5 милиони денари (околу 236 илјади евра)“, се наведува во извештајот на ДЗР.
Неоснованата исплата е распределена на следниот начин:
Ревизорите ја нагласуваат недоволната контрола од страна на центрите за социјална работа, нецелосната документација, доцнењето во процедурите, како и неефикасното следење на постапките за враќање на неосновано исплатените средства. Од ДЗР предупредуваат дека ваквите состојби претставуваат сериозен ризик од нерационално трошење на јавните средства и ја намалуваат ефикасноста на целиот систем за социјална заштита.
„Ревизорите констатираа дека Меѓуопштинскиот центар за социјална работа и Агенцијата за вработување не ја спроведуваат ефикасно законската обврска за изработка и следење на индивидуални планови за активирање на невработените корисници на социјална помош. Плановите се изработуваат во ограничен обем, најчесто рачно наместо електронски, и тоа без функционална соработка, координатори и редовни средби меѓу институциите“, додаваат од Државниот завод за ревизија.
За надминување на наведените слабости и спречување на понатамошно оштетување на државната каса, ДЗР препорачува итно подобрување на законската рамка, зајакнување на контролните механизми и воспоставување реална координација меѓу надлежните институции.
Нови мерки против пожарите: Од 1 јули се забранува движење во шума без дозвола
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

