12 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Политичката партија Левица преку соопштение до јавноста остро реагираше на новиот Правилник за снабдување со електрична енергија донесен од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Од партијата обвинуваат дека РКЕ незаконски ѝ овозможува на компанијата ЕВН да наплаќа паушални сметки врз основа на претпоставена потрошувачка, со што директно ги осиромашува граѓаните.
Од Левица посочуваат дека Законот за енергетика е дециден и дека според член 185 став 2, фактура врз основа на претпоставена потрошувачка може да се издаде само доколку не е извршено мерење на струјата. Партијата предупредува дека РКЕ прави правна измама изедначувајќи ги поимите „мерење“ и „отчитување“.
„Во случај броилото да не е отчитано, тоа не значи дека не е извршено мерење! Броилото ја мери потрошувачката континуирано. Проблемот е што операторот не ги отчитува измерените вредности, односно законски не е обврзан да инвестира во системи за прибирање на податоците. Подзаконски акт не смее да го менува законот,“ се вели во партиското соопштение.
Според Левица, преку членот 32 од новиот правилник, РКЕ ѝ овозможува на ЕВН да прави паушални сметки дури и кога броилата реално ја измериле потрошувачката.
Проблемот дополнително се влошува поради постоечкиот скалест тарифен модел. Во ваков систем, паушалната фактура речиси секогаш е на штета на потрошувачот, туркајќи го во поскапа тарифа.
За да се спречи понатамошно оштетување на потрошувачите, Левица испорача неколку итни барања:
Нови мерки против пожарите: Од 1 јули се забранува движење во шума без дозвола
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

