17 ноември 2026
• од Димитар Стојановски
Американската компанија SpaceX е заинтересирана Бугарија да стане нејзин регионален центар за сателитски комуникации. Можностите за инвестиции биле разгледани на средба со претставници на бугарската влада, објави БНР.
Разговорите се однесувале на изградба на земски станици и објекти за системот Старлинк, како и на развој на центри за податоци и компјутерска инфраструктура.
Од бугарското Министерство за економија соопштиле дека компанијата покажала интерес и за проширување на соработката со бугарски фирми и за поголемо инвестициско присуство во земјата. Овој интерес, според министерството, следува по деловната мисија во Вашингтон во октомври.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

