18 ноември 2026
• од Темелко Тошев
„Војаџер 1“ денеска се очекува да ја достигне границата од едно светлинско деноноќие од Земјата — растојание од околу 26 милијарди километри. Ниту еден друг објект направен од човек досега не стигнал толку далеку.
На радиосигналите од сондата ќе им бидат потребни 24 часа за да стигнат до Земјата. Сондата е лансирана во 1977 година и сега се движи низ меѓуѕвездениот простор со брзина од околу 61.000 километри на час.
Според НАСА, на „Војаџер 1“ ќе му бидат потребни уште околу 18.000 години за да помине растојание од една светлинска година. Сондата се движи кон ѕвездата Глизе 445, но се очекува да помине на околу 1,7 светлински години од неа за околу 40.000 години.
На „Војаџер 1“ се наоѓа и Златната плоча — запис со поздрави на 55 јазици, звуци, музика и слики од Земјата, наменет за евентуални цивилизации што би можеле да ја најдат. Меѓу музичките дела е и македонската народна песна „Излел е Дельо хајдутин“ во изведба на Ваља Балканска. Нова телевизија известува дека нејзиниот близнак, „Војаџер 2“, се очекува да достигне исто растојание во ноември 2035 година.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

