01 јули 2026
• од Темелко Тошев
Бугарскиот град Пловдив официјално ја поднесе својата кандидатура за добивање на престижната титула „Европска престолнина на спортот“. Конечната одлука за тоа дали градот ќе го добие ова меѓународно признание ќе биде соопштена во ноември оваа година, пренесува БНР.
За да се закити со оваа титула, Пловдив ќе мора да докаже дека ги исполнува високите европски стандарди. Апликациската форма за кандидатурата веќе е подготвена од страна на организацијата „БГ Биди активен“. Според генералниот менаџер на организацијата, Ласка Ненова, градот треба да исполни вкупно 12 строги критериуми.
Следниот голем чекор за градот е наесен, кога се очекува детална проверка од експерти:
„Очекуваме меѓународна комисија во октомври да дојде во посета во период од три дена. Ќе има официјална одбрана со тимот на општината и посета на инфраструктурните објекти во градот“, изјави Ненова во пресрет на подготовките.
Локалната власт веќе ги крои плановите за унапредување на спортската инфраструктура. Градоначалникот на Пловдив, Костадин Димитров, дециден е дека во градот мора паралелно да се развиваат и професионалниот, но и масовниот спорт кој е достапен за сите граѓани.
„Набележавме 16 спортски бази низ градот кои треба да почнеме да ги реновираме следната година, за да бидат погодни за масовен спорт“, истакна градоначалникот Димитров, најавувајќи сериозна градежна офанзива во спортскиот сектор.
Титулата „Европска престолнина на спортот“ се доделува секоја година на европски град со повеќе од 500.000 жители кој покажува исклучителна посветеност кон спортските активности, здравјето и социјалната инклузија преку спортот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

