01 јули 2026
• од Темелко Тошев
Интеграцијата во Европската Унија е единствената надеж за спас од масовното иселување и демографското празнење на државата. Ова е главната порака што ја упати Арбен Таравари во своето најново гостување во поткастот „Почетна пресметка“, каде предупреди на сериозните последици доколку земјава остане надвор од европските процеси, додека соседите напредуваат.
Зборувајќи за актуелната геополитичка ситуација и најавите дека Албанија и Црна Гора најверојатно ќе станат полноправни членки на ЕУ до 2028 година, Таравари посочи на реалноста со која веќе се соочува Македонија кога станува збор за странските пасоши.
„Денеска има двеста илјади Македонци кои имаат бугарски пасош. Јас ви гарантирам дека ако Албанија влезе во ЕУ, секој Албанец од тука ќе аплицира за албански пасош. Што ќе остане во Македонија?“, запраша Таравари во поткастот.
Тој нагласи дека граѓаните се соочуваат со огромен песимизам и дека земањето на бугарски, грчки или албански пасоши не е од други побуди, туку исклучиво за да имаат европски пасош кој ќе им овозможи слободно да циркулираат, да работат каде што сакаат и да се вратат кога сакаат.
„Дали сме свесни дека припојувањето и полноправното членство во Европската Унија е некаква надеж за луѓето да останат во државата? Дали е патриотизам ова што го правиме?“, додаде тој, критикувајќи го застојот во евроинтеграциите.
На крајот од своето излагање во „Почетна пресметка“, Таравари повика на македонско национално единство по прашањето за Европската Унија, апелирајќи до двата најголеми политички субјекти да најдат заеднички јазик.
„Македонците нека се разберат едни со други, значи СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. За нас, за сите албански партии без исклучок, сите сме тука да им помогнеме и да ги поддржиме кога ќе одлучат да го направат потегот за да започнеме со преговорите“, заклучи Таравари.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

