25 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Министерството за надворешни работи на Бугарија ги отфрли тврдењата дека испратило дипломатска нота поврзана со посетата на сопругата и помалиот син на македонскиот премиер Христијан Мицкоски на Бугарија.
Во соопштение испратено до бугарските медиуми, од МНР на Бугарија појаснуваат дека информациите кои деновиве циркулираат во јавноста се однесуваат на стара вербална нота од 6 јануари годинава и опфаќаат настани кои одамна поминале.
„Во моментов, оваа информација не може да се сфати како основа за заклучоци дека постои непосредна опасност по безбедноста на граѓаните на Бугарија или на друга земја. Министерството за надворешни работи придава големо значење на заштитата на дипломатската кореспонденција и строго се придржува кон утврдените меѓународни правила и практики во оваа област“, се наведува во реакцијата на бугарското Министерство.
Овој развој на настаните следува по вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, кој говорејќи за односите со Софија, откри дека во јавноста била објавена дипломатска нота за неколкудневниот престој на неговата сопруга и помалиот син во зимскиот центар Пампорово на почетокот на годината.
Премиерот нагласи дека со ваквиот потег директно се загрозува безбедноста на неговото најтесно семејство.
Клучните поенти од изјавата на премиерот вклучуваат:
По изјавата на премиерот, македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија реагираше експресно. Вчера во Скопје беше повикан бугарскиот амбасадор во земјава, Жељазко Радуков.
На средбата од амбасадорот беше побарано:
Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, децидно оцени дека ваквото постапување и објавување на дипломатска кореспонденција е целосно неприфатливо според меѓународното право во односите меѓу две суверени држави, независно од тоа каква е политичката клима и дали меѓу нив постојат актуелни тензии.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

