01 јули 2026
• од Темелко Тошев
Според најновите податоци објавени од Државниот завод за статистика (ДЗС), во текот на 2025 година низ државата се регистрирани вкупно 911 бесправно изградени објекти. Статистиката покажува дека речиси сите дивоградби се во рацете на приватни сопственици.
Најголем дел од овие објекти се наменети за домување. Од вкупно 911 дивоградби, 169 објекти (18.6%) спаѓаат во категоријата домување. Структурата на овие станбени дивоградби е следна:
Веднаш зад објектите за домување, граѓаните најмногу граделе огради и деловни објекти без соодветна документација.
Еве како изгледа целосната статистичка слика за дивоградбите во 2025 година според типот на градба:
Она што е особено карактеристично во извештајот на Државниот завод за статистика е сопственичката структура на овие градби. Имено, дури 96.1 отсто од вкупниот број бесправно изградени објекти во текот на изминатата година се во приватна сопственост, што јасно покажува дека физичките лица се најчестите инвеститори во градби без соодветна градежна дозвола.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

