30 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Во претстојната реконструкција на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, следува голема размена на ресори меѓу коалициските партнери, но и внатрепартиски ротации. Според партиски извори за „360 степени“, носечката партија во коалицијата ВМРО-ДПМНЕ ќе ги добие ресорите Здравство и Социјална политика, кадрите на Влен ќе застанат на чело на Правда, Односи меѓу заедниците и Култура, додека партијата ЗНАМ го презема Министерството за земјоделство.
Еве како ќе изгледа новиот распоред на силите на „Илинденска“ бр. 2:
Ротацијата на позициите носи промени на неколку клучни функции, при што највпечатлива е смената во здравствениот сектор и локалната самоуправа.
Размената на ресори, според договорот меѓу владините партнери, предвидува владејачката партија на Албанците да раководи со три значајни министерства.
Беким Сали ја задржува својата позиција и останува министер за европски прашања.
Партијата на Максим Димитриевски останува без Министерството за правда, каде што досега министеруваше Игор Филков. Како компензација, ЗНАМ ќе раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
За нов шеф на овој ресор се очекува да биде промовиран Борче Серафимовски, кој во моментов ја извршува функцијата државен секретар во истото министерство.
Реконструкцијата опфаќа и промени во владиниот кабинет во делот на министрите без ресор:
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

