01 јули 2026
• од Темелко Тошев
Вознемирувачкиот настан на врсничко насилство кој ја потресе јавноста деновиве, експресно добива полициска разрешница. Министерството за внатрешни работи покрена итна постапка, а сите инволвирани лица во бруталното претепување на младото девојче во скопската населба Аеродром моментално се повикуваат на распит во полициска станица.
Како што дознава „Слободен печат“ од извори во МВР, на разговор се повикани не само девојчињата кои физички ја нападнаа жртвата, туку и десетината момчиња кои биле присутни на местото на настанот, кои навивале и целиот инцидент го снимале со своите мобилни телефони.
Детали за бруталниот напад
Настанот предизвика лавина од реакции поради суровоста со која било третирано девојчето. Според сведоштвата од видеата, жртвата била подложена на тешко физичко и психичко малтретирање:
СВР Скопје работи на целосно расчистување на случајот
Од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје информираат дека веднаш се преземени мерки по допрен глас со цел утврдување на точниот идентитет на сите лица кои се гледаат на снимките.
„Се повикуваат сите осомничени во врска со предметниот настан. Веќе е извршен разговор со жртвата во присуство на нејзиниот родител, а за целиот случај е известен и надлежен јавен обвинител“, потврдуваат од МВР.
Институциите апелираат на нулта толеранција за врсничкото насилство, а јавноста останува во исчекување на соодветни санкции за сите учесници во овој немил настан кој уште еднаш го вклучи алармот за безбедноста и однесувањето на малолетниците.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

