30 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Мобилен телефон на кој имало паричник за криптовалути во вредност од околу 100.000 евра, одземен од Панче Илиев – осуден за убиство во Струмица, мистериозно исчезнал од судските депоа и никогаш не му е вратен на неговото семејство, објави БИРН.
Во најновото истражување на новинарот Васко Маглешов, се открива шокантен детал кој фрла сериозна дамка врз чувањето на доказниот материјал во македонскиот правосуден систем. Имено, наместо оригиналниот телефонски уред на кој се наоѓал криптопаричникот, од судското депо на семејството му бил даден сосема друг уред кој бил само визуелно идентичен со оригиналот.
Партнерката на Панче Илиев (кој моментално е на издржување затворска казна), Христина Мучева, веќе со недели јавно алармира за овој случај. Преку постојани објави на социјалната мрежа Фејсбук, таа сведочи за вистинска правна голгота низ која поминува, обидувајќи се да го врати вистинскиот телефон на кој се наоѓаат парите. До овој момент, таа нема никаква информација каде завршил уредот.
Во изјава за „Слободен печат“, Мучева сподели детали за нејзиното сомнително искуство при обидот да го подигне уредот. Таа истакнува дека наишла на силен отпор од надлежните во судското депо кога побарала телефонот да биде приклучен на полнач, со единствена цел – да се увери дека станува збор за истиот уред што му бил одземен на нејзиниот партнер.
Според нејзиното сведочење:
Овој случај отвора низа сериозни прашања за безбедноста на конфискуваните предмети и доказниот материјал во судските депоа, како и сомнежи за евентуални злоупотреби и кражба на дигитален имот во рамките на самите институции. Јавноста останува во исчекување дали надлежните органи ќе отворат истрага за тоа кој го заменил телефонот и каде завршиле 100-те илјади евра.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

