27 септември 2026
• од Темелко Тошев
Украинските сили погодиле фабрика за воена опрема во руската Ростовска област, која произведува компоненти за ракети и артилериско оружје, соопшти Генералштабот на Украина.
Нападот бил извршен во текот на ноќта на 26 септември врз оптичко-механичката фабрика во градот Азов. Според украинската војска, избувнал пожар во еден од погоните, а била оштетена опрема во пет производствени објекти. Обемот на штетата засега не е независно потврден.
Фабриката е дел од рускиот воено-индустриски комплекс и произведува електронска и оптичка опрема за артилериски, ракетни и противтенковски системи, како и системи за наведување на управувани ракети. Киев наведува дека целта на нападот била намалување на руските воени производствени капацитети.
Истата ноќ украинските сили ја нападнале и рафинеријата за нафта Илски во Краснодарскиот крај. Украинската компанија „Фајр поинт“ соопшти дека во нападот биле употребени беспилотни летала и дека биле оштетени три постројки за преработка на нафта и складиште со резервоари. Според компанијата, рафинеријата потоа ја прекинала работата.
Украина во последниот период ги засилува нападите врз руски воени и енергетски објекти за кои тврди дека директно ја поддржуваат руската воена операција против Украина.
Маса од 800.000 верници во Париз за папата, потоа молитва во светилиштето Лурд
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

