04 октомври 2026
• од Стефан Николов
Германскиот канцелар Фридрих Мерц пристигна во Киев, каде што се очекува да објави нов пакет поддршка за Украина, вклучително и дополнителна воена помош и средства за обнова на енергетската инфраструктура погодена од руските напади.
Како што објави „Дојче веле“, според германските медиуми се очекува Берлин да обезбеди уште една милијарда евра воена помош за Украина, како и 350 милиони евра за поправка на енергетскиот сектор.
Германија и Украина планираат и заедничко производство на беспилотни летала за пресретнување руски дронови, како и зголемување на производството на ракети со долг дострел. Целта е да се зајакне украинската одбрана во период кога Русија ги засилува нападите врз градовите и критичната инфраструктура.
„Ако Русија не биде запрена, порано или подоцна ќе ја насочи својата воена машинерија против нас“, изјави Мерц по пристигнувањето во Киев, пренесе „Дојче веле“. Тој нагласи дека Украина ќе има потреба од силна европска поддршка во пресрет на зимата.
Посетата се одржува во време на засилени руски воздушни напади врз Киев и украинската енергетска мрежа. Мерц треба да разговара со претседателот Володимир Зеленски и за реформите, борбата против корупцијата и натамошната германско-украинска соработка.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

