11 ноември 2026
• од Димитар Стојановски
Околу 650.000 луѓе присуствуваа на миса што папата Лав XIV ја одржа во аргентинскиот град Кордоба. Тоа се случи еден ден откако околу 2,5 милиони луѓе го пречекаа во главниот град Буенос Аирес, објави „Еуроњуз“.
Верници од различни делови на Аргентина патувале со часови за да присуствуваат на мисата. Кордоба беше избрана поради централната местоположба, а папа последен пат ја посетил пред речиси 40 години.
Во обраќањето, Лав XIV ги повика Аргентинците да го следат примерот на светците од земјата, меѓу кои се свети Хозе Габриел дел Росарио Брошеро и Мама Антула, првата аргентинска светица. „Сите сме повикани на светост“, рече папата.
По мисата, тој накратко се појави на балконот на архиепископската резиденција, каде што илјадници луѓе го поздравија. Во среда е планирана завршна миса во Лујан, по што папата треба да отпатува за Перу.
Министрите за надворешни работи на Г7 разговараат во Париз за поддршка на Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

