05 август 2026
• од Тодор Вангелов
СДСМ тврди дека Владата предводена од Христијан Мицкоски се подготвува да го прифати францускиот предлог, оценувајќи дека за тоа веќе постои договор со европските партнери.
Според Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, партијата располага со информации од Брисел дека Владата веќе го договорила овој чекор, а, како што рече, такви сигнали пристигнуваат и од Берлин и Париз.
Жерновски оцени дека Владата повеќе не може да ги оправда претходните ставови и ветувања во врска со евроинтеграциите. Според него, објаснувањата за „одложено дејство“, „посебни услови“ и други решенија не се оствариле, а сега се прави обид прифаќањето на францускиот предлог да се претстави како политичка победа.
Тој истакна дека последните изјави на владините претставници, вклучително и на министерот за надворешни работи, се дел од подготовката на јавноста за политики кои, според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ претходно жестоко ги критикувала.
Воедно, Жерновски посочи дека СДСМ останува на ставот дека одлуките што ги донела додека беше на власт биле во интерес на европската интеграција на државата и зачувувањето на националниот идентитет, оценувајќи дека со текот на времето ќе се покаже дека партијата ја водела исправната политика.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

