05 август 2026
• од Гоце Кически
Најмалку 17 лица загинаа, а десетици се повредени во масовниот руски воздушен напад врз Киев и околината во текот на ноќта. Украинските власти соопштија дека не успеале да пресретнат ниту една од 28-те руски ракети, поради недостиг од противбалистички ракети за противвоздушна одбрана.
Според украинските воздухопловни сили, Русија лансирала 115 беспилотни летала и 28 ракети, меѓу кои и балистички. Претседателот Володимир Зеленски изјави дека главна цел на нападот биле магацини на цивилни компании, инфраструктура и железничка станица.
„Противбалистичките ракети можеа да ги спасат животите на луѓето што загинаа денес. Секое одложување на испораките значи нови жртви и уништување“, порача Зеленски, повикувајќи ги западните сојузници да ја забрзаат воената помош за украинската противвоздушна одбрана.
Најтешките последици биле во близина на железничката станица „Квитнева“ во Броварскиот округ, каде што осум лица загинале додека чекале воз кој доцнел.
Украинскиот премиер Сергиј Корецки изјави дека нападите биле насочени исклучиво кон цивилни објекти и компании, а не кон воени цели.
Во нападите биле уништени логистички и дистрибутивни центри на неколку од најголемите украински компании, меѓу кои „Епицентар“, „Розетка“ и „Нова Пошта“. Од „Нова Пошта“ соопштија дека руски сили употребиле касетна муниција при нападот врз нивниот сортирачки центар во Киев.
Ланецот супермаркети „Силпо“ објави дека шест нивни вработени загинале во пожарите што избувнале во два дистрибутивни центри. Во одделен напад ден претходно бил уништен и магацин на украинскиот производител на сладолед „Ласунка“, каде што се чувале готови производи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

